Фановите на Вардар „грмеа“ на „Сведбанк арена“ (ВИДЕО)

Околу стотина фанови на Вардар беа на трибините на „Сведбанк арена". Навивачите на македонскиот шампион се претежно од Шведска, но ги имаше и од околните држави, каде има наши иселеници и од Македонија. И покрај што беа малку, во однос на оние на Малме, сепак не се штедеа, постојано им даваа поддршка на фудбалерите.