На крај поздрав за Малме со култната песна на „Студени нозе“

Како кучето мое нигде нема друго.... (Видео)

Од Струмица, Зоран Поповски

Фото: Петр Стојановски

Шведските медиуми очекувано правеа притисок за состојбата на стадионот „Младост“ во Струмица, најмногу поплаки имаше на околината, а во центарот на вниманието беа текстовите со кучето, кое го чувало стадионот. На крајот на сите поплаки, им одговори токму кучето и ги испрати во Шведска со наведнати глави. Вардарци на теренот, кој беше ист и за нив и за гостите од Малме покажа кој е подобар, славеше со 3:1 и ги урна сите алиби игри на шведскиот првак.

А, како кучето мое нигде нема друго.... вели една култна песна на „Студени нозе“. Таман за поздрав на гостите од Малме и на шведските новинари, кои пукаа во празно за лошиот изглед на надворешноста на стадионот „Младост“ во Струмица.