Словачка нè победи со цепелини (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Словачка, Михаил Фусек дефинитивно беше играчот на мечот на вчерашниот натпревар против Македонија. 22-годинишниот член на Шарлроа имаше три атрактивни забивања. Нашите кошаркари беа поразени на првиот натпревар во Братислава со 89-74, а веќе денеска ќе имаат шанса да се реваншираат. Вториот меч се игра со почеток во 16 часот.