Речиси половина се постигнати против нас

(ВИДЕО) Топ-10 на УЕФА од ЕП во Полска, го нема евроголот на Ѓорѓев, а четири од десетката се во македонска мрежа

УЕФА ги одбра најубавите 10 погодоци постигнати на Европското првенство во Полска за млади репрезентации, а меѓу нив го нема евроголот на Никола Ѓорѓев. Според сите релевантни спортски медиуми погодокот на нашиот напаѓач против Србија беше рангиран како еден од најубавите на шампионатот, но од УЕФА по се изгледа го заборавија во изборот на Топ-10

УЕФА ги одбра најубавите 10 погодоци постигнати на Европското првенство во Полска за млади репрезентации, а меѓу нив го нема евроголот на Никола Ѓорѓев. Според сите релевантни спортски медиуми погодокот на нашиот напаѓач против Србија беше рангиран како еден од најубавите на шампионатот, но од УЕФА по се изгледа го заборавија во изборот на Топ-10. Можеби имаше место и за погодокот на Енис Барди против Португалија, ако се земе в предвид дека УЕФА го вброи голот на Германцот Селке против Англија во Топ-10. 

И што е најинтересно четири од овие десет погодоци беа постигнати на дуелите против Македонија. Тука се трите „убавици“ на Шпанците од првиот меч, кога Саул Нигез и на двапати Марко Асенсио постигнаа прекрасни голови. Заслужено во изборот влезе и погодокот на Португалецот Брума, пак против Македонија, во Гдиња во последниот меч од фазата по групи.